Забава

Медицинска сестра го опсесивно го прогонувала поранешното момче! Му се јавила преку илјада пати, се плашел дека е зад некоја грмушка – веднаш реагирала полицијата!

Дејвид Паљеро, стоматолог од англискиот град Ексетер, се нашол во неочекувана и вознемирувачка ситуација откако раскинал со медицинската сестра Софи Колвин, која работела во истата стоматолошка клиника.

Нивната врска, опишана од Паљеро како „нежна и убава“, завршила трауматично кога Софи почнала опсесивно да го демне.

Паљеро сведочеше дека Софи станала опсесивна, го следела со направа за следење што ја скрила во неговиот автомобил, па дури и упаднала во неговиот дом.

Еден ден му се јавила 965 пати, а следниот над 1.000 пати.

Стоматологот се исплашил дека Софи „се крие во грмушките пред неговата куќа“, или дека „демне по споредните улици“, каде што тој возел.

Паљеро на крајот отишол во полиција, а случајот завршил на суд. Софи Колвин се изјаснила за виновна за следење и малтретирање, и ѝ била изречена условна казна од 20 недели затвор, како и петгодишна забрана за доближување до Дејвид.

Паљеро побара од судот да не изрекува претерано строга казна, иако му е преку глава од нејзиното однесување.

„Не сакав ова да се случи, но твоите постапки ме истрошија“, и рекол тој на поранешната девојка.