ПопуларноСпорт

Стив Кер и стручниот штаб на Голден Стејт во Белград за погребот на Милојевиќ

За тие што не се запознаени, станува збор за Дејан Милојевиќ кој беше поранешен кошаркар и тренер на Голден Стејт Вориорс.

Милојевиќ беше поранешен кошаркар на Беовук, Будучност, Валенсија, Партизан, Галатасарај, Валенсија и ФМП. Неговата тренерска кариера започна во Малага, но на крајот заврши како асистент на Голден Стејт.

Милјоевиќ почина на 17 Јануари, на 46 годишна возраст во Солт Лејк Сити како последица од срцев удар пред натпреварот на Годлен Стејт Со Јута.
Погребот беше закажан во Белград во на 12 Февруари од 13 часот. На испраќањето беа присутни историски имиња од кошарката. Најголемо внимание привлеке главниот тренер на Голден Стејт, Стив Кер, а со него беше и целиот стручен штаб на екипата. Меѓу присутните исто така беа и Заза Пачулија, Немања Бјелица, Жељко Обрадовиќ и Мишто Ражнатовиќ помеѓу другите.