Селебрити

По шестата операција на лицето, повеќе не личи на себе: Старлетата некогаш пленеше со својата природна убавина, но сега ги запрепасти сите со својот нов изглед

Англиската старлета Кејти Прајс (46) се појави пред Кралскиот суд на правдата во центарот на Лондон, откако беше уапсена на аеродромот Хитроу откако не се појави на суд.

Таа со години ги полни насловните страници на британскиот печат со пластични операции кои целосно и го променија лицето и телото, а најновите фотографии по фејслифтинг во Турција, од некогаш една од најубавите жени на светот, шокираа многумина.

Старлетата неодамна ја направи шестата операција на лицето, а како што велат многумина, сега повеќе личи на восочна фигура отколку на човечко суштество. Иако поради операциите можела да го загуби животот, се чини дека повеќе е подготвена да го преземе тој ризик отколку да покажува знаци на стареење.

Кејти имаше црн стегач околу главата, кој мора да го носи по операцијата за затегнување, а на очите големи очила, кои наводно го кријат отеченото лице на некогаш природно убава жена.

Таа имаше липосукција на целото тело, подигнување на очите и усните, липосукција на брадата и инјектирање на маснотии во нејзиниот задник. Седумнаесет пати ги зголемила градите, а во неколку наврати изјавила дека е свесна колку овие операции се ризични за нејзиното здравје. Сепак, Кејти нема намера да престане бидејќи сака да остане млада засекогаш.