Забава

Дали свадбите без деца се идеално решение или „обична глупост“?

Децата на свадби се се поголема дилема во последните години. Паровите имаат право да одлучат дали сакаат нивните гости да ги донесат нивните деца, но секогаш ризикуваат да ги налутат своите гости поради таквата состојба.

За оние кои сакаат свадба со софистицираност, опуштена атмосфера, без детска врева и грижи дали нешто ќе се случи, свадба без деца е најдобра, но секогаш привлекува спротивставени коментари.

На некои гости ќе им биде неприродно да не ги доведат своите деца на ваков важен настан, па ќе се чувствуваат изоставени ако ги условите на тој начин.

Исто така, оваа одлука може да доведе некои родители во непријатна положба бидејќи немаат можност да ги остават своите деца со некого во времето што би го поминале на свадбата. Ако сте тесно поврзани со гости кои имаат деца, ако им кажете да дојдат без нив, тоа може да го сфатат како навреда.

Што мислите за тоа?