Поминувате пешачки на црвено светло? Во оваа земја ќе ве прскаат со вода и ќе ја објават вашата слика на екранот (ВИДЕО)
Можете ли да замислите таков систем овде кај нас?
Неправилно преминување на семафорите во Кина не носи само парична казна туку и јавно срамење. Кина почна јавно да ги исмева граѓаните кои извршиле таков прекршок, а со тоа да му наштети на угледот и приватноста на сторителот.
Кинеските власти користат напредна технологија во последниве години за да ги идентификуваат и срамат прекршителите на сообраќајот.
Дали оваа казна е непропорционална со стореното дело?
Во овој случај, прво се активираат низа механизми кои прскаат со ладна вода врз престапникот, а сето тоа е придружено со снимено гласовно предупредување:
„Ве молам, не ја преминувајте улицата сега, опасно е“.
Сепак, процесот на иновации не застана тука. Во 2019 година, неколку градови во Кина, како што е Шангај, почнаа да користат уште понапреден систем кој комбинира камери за препознавање лице со огромни екрани.
Овој систем не само што ги снима пешаците како трчаат на црвено светло, туку и ги проектира нивните лица на екраните лоцирани на јавните патишта.
Најшокантно кај оваа мерка е што фотографиите остануваат видливи цела недела.
Но и тоа не е се, бидејќи на екранот се прикажува и дел од личната карта на прекршителот, што се подразбира како нарушување на приватноста.