ВестиПопуларно

Нова тура пари од Америка!

Доколку мислевте дека војните на планетава им се ближи крајот, мислете повторно! Ноќеска, Американскиот сенат изгласа за нов „пакет помош“, како што го викаат они за државите кои се наоѓаат во воена зона.

Предлогот за пакет помош за Украина, Газа и Тајван, вредна 95.3 милијарди долари беше изгласан во вторник навечер, по што сенатот доби критики од главниот спикер Мајк Џонсон.

Во пакетот, парите се поточно назначени за поддршка за Украина, безбедност во Израел и приливи за Тајван за да можеле они, заедно со другите американски партнери да ѝ се спротивстават на Кина. Исто така во пакетот има прилив за израелска хуманитарна помош за палестинци во Газа.

Значи од една страна даваат пари на Израел, а од друга страна се „хуманитарци“ за Газа … Океј.

Во пакетот, 60 милијарди долари одат за Украина, 14.1 милијарда за Израел, 9.2 милијарди за хуманитарна помош и 4.8 милијарди за Тајван.

Овие вести секако беа одлични прифатени од Владимир Зеленски кој се потепа барајќи пари. Тој даде изјава за одлуката на сенатот.

“Се заблагодарувам за секој американски сенатор што гласаше за продолжена подршка во Украина додека се бориме за слобода, демократија и нашите вредности” – Владимир Зеленски

Трамп додека беше на власт кажуваше дека пакетите каков што е овој, треба да бидат во форма на заем, а не поклонети. А можеби и најдобро кажа Владимир Путин во најновото интервју “Ние сме оддалечени илјадници километри од вас, имате проблеми со вашите граници, проблеми со миграција, национален долг од 33 трилиони долари. Немате попаметна работа па се борите за Украина? Зарем не е подобро да преговараме?”