Спорт

(ФОТО) Мајката на познатата тенисерка објави слика во бикини, фановите полудеа: Позгодна си од ќерка ти!

Арина Сабаленка моментално е една од најдобрите светски тенисерки, а тоа го потврди неодамна на УС Опен кога во финалето ја совлада Џесика Пегула и со тоа стигна до третата Грен слем титула во кариерата. По победата таа замина на одмор во Грција, а таму одмараше и нејзината мајка Јулија, која со фотографија на социјалните мрежи ги разбрани страстите кај мажите.

Втората тенисерка во светот призна дека освојувањето на УС Опен е еден од најдобрите моменти во нејзината кариера. Таа признава дека секакви работи и поминувале низ глава и дека сите тие неуспешни моменти и поминувале низ глава.

„Бев многу горда на себе и на мојот тим бидејќи секогаш се враќавме со подобар тенис. Не знам како да го опишам ова чувство. Ова е нешто посебно“, изјави Белорусинката по кревањето на трофејот.

По титулата, Сабаленка најде време за одмор и замина во сончевата Грција со што се пофали на социјалните мрежи. А нејзината мајка Јулија ја избра Грција за да ужива во прекрасното море додека ги впива сончевите зраци.

„Семејство“ пишувало во описот на фотографијата на која мама позира во бело бикини.

Мора да се признае дека изгледа навистина добро, па доби многу комплименти во коментарите. Еден и напишал дека изгледа подобро од нејзината ќерка.

„Убава си како ќерка ти Арина“, додал друг, додека други пишувале дека таа е топ модел, фантастична жена, „бомба“ и „вака изгледа совршенството“.

Инстаграм профилот на Јулија Сабаленка го следат 9.000 луѓе, а таа сака да споделува фотографии од нејзиното секојдневие со обожавателите.

Во јануари оваа година Арина Сабаленка по втор пат по ред стана шампионка на Австралија опен. Во интервју за Вог по успехот на овој турнир, Сабаленка зборуваше за улогата на нејзините родители во обликувањето на нејзиниот карактер и одлучност.

„Моите родители секогаш беа лути кога ќе го скршев рекетот. Но, единствено што рекоа е дека никогаш не ми се лутеле кога давав се од себе и се борев за секој поен“, призна Белорусинката.