Селебрити

Раперот Пи Диди обвинет за рекетирање, трговија со луѓе и проституција.

Федералните обвинители велат дека тој со години „се заканувал и ги принудувал жените и другите околу него да ги исполнат неговите сексуални желби“.

Диди, освен што ја тепал својата бивша жена, наводно, создал „криминален потфат чии членови и соработници се занимавале со“ различни кривични дела, како што се „шверц, принудна работа, киднапирање, палење, поткуп и попречување на правдата“.

Комбс се изјасни за невин според неговиот адвокат Марк Агнифило.

„Тој не е виновен. Тој е невин за овие обвиненија“, рече Агнифило.

Видеото подолу е од рацијата во неговиот дом во Лос Анџелес претходно оваа година каде што биле најдени пушки и 1000 шишиња бебешка крема.