Забава

(ВИДЕО) „Никогаш нема да закрепнам од ова“: Жената почувствува скокоткање во увото, кога видела што лази во слушалката, остана шокирана!

Главниот лик на оваа приказна, Лорен од Онтарио, предизвика големо внимание на “TikTok” кога објави видео од необично и застрашувачко откритие во нејзините слушалки.

Додека уживала во музиката, почувствувала „скокоткање во левото уво“.

Отпрвин мислела дека прамен од косата и се заплетка под слушалките, но набрзо се соочила со многу понепријатна реалност, пренесува “Lakalle Blue Radio”.

По неколку моменти, Лорен била преплашена кога сфатила дека има бубачка сместена во перничето од слушалките.

@thisrenegadelove

Earwigs are nightmare fuel and I will never recover from this. 🪦💀

♬ Please Please Please – Sabrina Carpenter

Преплашена веднаш реагирала, а своето искуство го споделила со коментар:

„Никогаш нема да закрепнам од ова“. Видеото стана вирално и собра милиони прегледи.

Уволажите се инсекти од редот полинеоптера, со околу 2000 познати видови, иако нивното име доаѓа од старото верување дека влегуваат во ушите на луѓето за да несат јајца.

Ова суеверие влече корени од времето кога постелнината се правела од слама, но денес се смета за мит.

Иако шокирана, Лорен на крајот ја прифатила ситуацијата со доза на хумор, но нема сомнеж дека ова искуство долго ќе и остане во сеќавање.