Животни

Руските крави добиваат слушалки за VR очила „за да се намали анксиозноста“

Руска фарма на своите млечни крави им даде очила за виртуелна реалност во обид да ја намали нивната анксиозност.

Стадото носеше VR системи приспособени за „структурните карактеристики на главите на кравите“ и им беше прикажана „уникатна летна програма за симулација на теренот“.

Московското Министерство за земјоделство и храна цитираше истражување за кое велат дека покажала поврзаност помеѓу емоционалното искуство на кравата и приносот на млеко.

Првичните тестови, наводно, го зајакнале „цевкупното емоционално расположение на стадото“.

Според соопштението на министерството, експериментите се одржале на фармата РусМолоко во московската област Раменски.

„Примерите на млечни фарми од различни земји покажуваат дека во мирна атмосфера, количината, а понекогаш и квалитетот на млекото значително се зголемува“, се вели во него.

Со очилата за виртуелна реалност количината на млеко што ја даваат кравите рипнала за 22%

Истражувачите ќе ги испитаат ефектите од програмата во долгорочна студија. Програмерите, наводно, се надеваат дека ќе го прошират проектот доколку продолжат позитивните резултати.