ВестиПопуларно

Моментално е најбараната жена на светот! Шокантна истрага покажала дека бил под заштита на тајна служба?!

Кристијана Барсони-Архидиаконо не се појави во јавноста по нападите во вторникот и средата, во кои загинаа најмалку 37 лица, а беа ранети повеќе од 3.000, а за кои Либан и Хезболах го обвинуваат Израел.

Сопственичката на “BAC Consulting”, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристијана Барсони-Архидијаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Архидијаконо за АП.

Таа рече дека нејзината ќерка добивала закани и дека „моментално е на безбедно место под заштита на унгарските тајни служби“.

– Унгарските тајни служби ја советуваа да не разговара со медиумите – изјавила телефонски Беатрикс Барсони-Архидијаконо од Сицилија.

Таа е наведена како главен извршен директор на “BAC Consulting” со седиште во Будимпешта, за кој тајванскиот сопственик на трговската марка на пејџерот рече дека е одговорен за производство на уредот.

Во средата, портпаролот на унгарската влада рече дека пејџерите доставени до Хезболах никогаш не биле во Унгарија и дека “BAC Consulting” дејствува само како посредник.

Беатрикс Барсони-Арчидијаконо ги потврди наводите на унгарската влада, велејќи дека нејзината ќерка не е вмешана и дека уредите не биле произведени во Будимпешта, ниту пак некогаш поминале низ Унгарија.

Најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, загинаа, а повеќе од 3.000 се повредени во експлозии на комуникациски уреди во Либан во вторникот и средата.

Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот.

Тел Авив не ги коментираше тие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.