Забава

Ако има некој со појака тетоважа нека се јави

Да не се разбереме погрешно, сигурно повеќето од вас имаат појаки тетоважи. Меѓутоа, оваа кобинација на стилови, турбо фолк стил плус математички стил, едноставно е преоригинална.

Сме виделе многу тетоважи, кинески букви или текстче, некои биле феноменален портрет, некои раскажуваат цела приказна.

Со насловот не сугерираме дека ова е некое феноменално уметничко дело, ниту пак дека е добра затоа што сме хард-кор кафана фанови на Синан Сакиќ.

Сугерираме дека за да ставиш математичка формула на рака, која звучи како една од најпознатите песни во историјата на турбофолкот…абе едноставно треба да ти текне.

Секоја чест дечко, следната нека биде QR код што носи на YouTube каналот на Неда Топчагиќ.