Храна и Здравје

(Видео) Немало баба во Југославија што не го знаела рецептот за питава

Нашата традиционална кујна во голема мера се потпира на месени работи, бидејќи народ на Балканот го обожува овој вид на јадења.

Доколку ви здодеала стандардната пита, еве еден стар и добро познат рецепт за познатата „баница“.

Во Југославија оваа пита имала долга традиција, редовно се јадела за појадок. Секоја домаќинка го знаела напамет овој рецепт.

Што ви е потребно?
400 гр брашно;

100 гр маст;

350 гр бело сирење;

500 мл млеко;

Како се подготвува?

Измешајте вода со брашно и додадете една лажица маст. Замесете го тестото и поделете го на 5 делови. Секое парче тесто развлечете го во круг со големина на чинија. Растопете ја маста, па на првото тесто истурете 2 лажици жешка маст и така редете тесто и маст сè додека не ги потрошите четирите теста.

Потоа ставете го петтото тесто и развлечете го така да го покрие целиот фил, па истурете го остатокот од филот. Вметнете ги краевите на питата што излегуваат од филот. Вметнете ги краевите на питата што излегуваат од тавата внатре. Се пече во загреана рерна на 220°C околу 20 минути.

Еве како подготовката на оваа пита изгледа во пракса.