Забава

(Видео) Питер ти ли си?

Некој странец на ТикТок објавил дека нашиот познат репортер личи на Питер Грифин од “Family Guy” и сличноста е прилично голема.

Ова можеби сте го слушнале и порано, можеби го слушнал и самиот Валентин Николовски, но видеово е ново на ТикТок па решивме да го споделиме.

Еден од најпознатите и најдобри македонски репортери, Валентин Николовски, според дечкото зад профилот “@Finnwattchhow” е ист како Питер Грифин од “Family Guy”. „Сигурно не сум првиот што го забележува ова“, пишува тој под видеото.

Нема да лажеме, добра опсервација.

Според тоа што може да види на неговото профилче, Фин е Германец во Македонија кој моментално го учи македонскиот јазик, а ако му ги разгледате видеата ќе заклучите дека е истомисленик со повеќето од нас – дека Македонија е најубавата земја на светот.