Вести

Отпуштил самохрана мајка затоа што изела остаток од сендвич на работа

Самохраната мајка Габриела Родригез (39) била отпуштена од својата работа како чистачка откако изела сендвич од 1,50 фунти оставен на послужавник за работниците во адвокатска фирма. Габриела добила отказ од шефот на компанијата за чистење „Тотал Клин“, Греам Петерсен, откако дознал дека оваа жена изела остатоци од сендвич во просторијата што ја чистела, пишува Дејли мејл. На Габриела и било кажано дека јадењето на сендвичот е „фундаментално прекршување на договорот“.

Таа сега го тужи нејзиниот работодавец за неправеден отказ. Како што открива Дејли Мејл, има и писмо што шефот и го испратил на самохраната мајка откако ја отпуштил. Шефот Греам Петерсен и пишал на Габриела по дисциплинското сослушување на 23 ноември.

По истрагата, шефот на операции Греам Петерсен и напишал на Габриела: „На сослушувањето објаснивте дека на крајот на смената најдовте сендвич во кујната и го земавте без размислување.

Рековте дека претходно клиентот оставил храна во кујната и ја понудил, па мислевте дека е тоа е во ред.

Вашето објаснување ми беше незадоволително затоа што потврдивте дека никој не ви понудил храна во кујната, но сепак решивте да ја земете. Решив дека вашето однесување резултира со суштинско прекршување на вашите договорни услови што неповратно ја уништува довербата неопходна за продолжување на вработувањето“, напишал тој.

Тој додал дека размислува дали помала санкција од отказот би можела да биде „соодветна“, но одлучил дека не, заклучувајќи: „Затоа веднаш сте отпуштени од Тотал Клин“.

Синдикатот на работниците мигранти во писмото со жалба во име на Габриела вели: „Имаше различни послужавници полни со остатоци од сендвичи кои беа поставени за персоналот да јаде. Габриела сфати дека и таа смее да ја јаде оваа храна. Неверојатно е да се отпушти вработен затоа што јадел остатоци од сендвичи со туна и краставици. Сега разбираме дека привилегијата за јадење остатоци од сендвичи не може да се прошири на ангажираната работна сила мигранти во зградата“, навеле од синдикатот.

Тотал Клин, кој минатата година остварил профит од 1,6 милиони фунти, на Габриела и испрати писмо за отказ во кое ја обвини за „кражба откако јадела од храната за специјалниот настан на клиентот“.

Габриела се пожалила на отказот, но Тотал Клин одбил да ја врати на работа.

„Синдикатот сега и помага на Габриела да преземе правни мерки за неправедно отпуштање и дискриминација“, велат од синдикатот.

Но, компанијата додала: „За нас е важно да го задржиме интегритетот на нашата работна сила и услуга со тоа што ќе се погрижиме соодветно да се справиме со какви било активности што ја поткопуваат напорната работа и угледот на нашиот неверојатен тим на луѓе кои се однесуваат беспрекорно.

Довербата и искреноста се од најголема важност.

Сите преземени чекори беа во согласност со законите за вработување во Велика Британија. Нема да коментираме повеќе за ова прашање“, додаваат тие.

Во кампањата на социјалните мрежи, синдикатот Обединети гласови на светот наведува дека сендвич не вреди повеќе од 1,50 фунти.