ВестиПопуларно

Отворена истрага за пасошите! Зошто од 400.000 набавени пасоши стигнале само 20.000?

МВР немаат никакви детали за големата разлика на нарачани пасоши, и пасоши што всушност биле доставени. Имено, требало да стигнат уште 380.000 пасоши, но како што знаеме, тоа моментално не е случајот.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека до 18ти од месецов, треба да стигнат вкупно 400.000 обрасци и пасоши. Како што се кажува, првичниот договор бил изменет со одреден акт во декември месец, па поради тоа, добавувачот испорачал 22.000 наместо договорените 400.000 пасоши.

Телма побара одговори од министерството, а оттаму информираа:

„Во врска со договорот за набавка на патни исправи, ве информираме дека за истиот е отворена постапка при одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“ изјавија од МВР.

Тошковски исто така имал средба со републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој бил лично известен за проблемот со издавањето на лични документи и било потврдено дека и обвинителството ја следи ситуацијата со патните исправи.

Во меѓувреме, закажувањето термин за фотографирање сè уште е речиси е невозможно. Граѓаните очекуваат да добиваат СМС-пораки за готовите документи, а допрва треба да се лансира онлајн-алатката за проверка дали е готов пасошот, на сајтот на МВР.

Својот став го искажа и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, кој тврди дека никој не го саботира секторот.

“Никој никого не саботира во ова министерство. Само ќе кажам дека дента кога се направи примопредавањето помеѓу министерот Спасовски и министерот Тошковски, стигнаа 40 илјади обрасци. Пред некој ден стигнаа 20 илјади. Не се работи за никаква саботажа. До крајот на месецов очекуваме поголема пратка”