ВестиПопуларно

(Видео) “Одиме на граница да видиме дали навистина сме затворени како во конзерва”: Со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со тој што го имаат граѓаните не

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков, објавија видео како со автомобил се обидуваат да ја преминат македонско-бугарската границата, на граничниот премин „Делчево“, со пасоши на коишто пишува „Република Македонија“ наместо „Република Северна Македонија“.

Со обичен пасош пратениците дошле само до граничиот премин “Делчево”, па бидејќи не можеле да влезат со старите пасоши, ги извадиле дипломатските.

Бугарските граничари им кажале дека добиле инструкции како да постапуваат со граѓани кои ќе приложат стар дипломатски пасош.

На крајот може да се заклучи дека народот е затворен во конзерва.