ВестиПопуларно

(Видео) Снимка од 2005-та година која собра 160.000 прегледи: Средба со Тоше Проески во Десарет ги разнежни фановите

Нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески привлекуваше внимание каде и да се појавеше. Тоа го потврдува и оваа досега невидена снимка.

Секогаш насмеан, отворен за краток разговор или фотографија со фановите. Така ќе го памтиме нашиот Тоше, а оваа снимка само ќе не потсети на тоа.

Случката е од Охрид, во хотелот Десарет. Тоше таму ужива на сонцето, а фановите бараат фотографии со него. Додека трае фотосесијата, еден фан снима со својот мобилен телефон.

Погледнете го видеото кое пред три дена се појави во јавноста, а веќе собра 160.000 прегледи.