Храна и Здравје

Одличен напиток за коските, крвните садови, болки во желудникот, црниот дроб…

Поради огромните хранливи вредности кои ги има сурутката, таа се споредува дури и со мајчиното млеко.

Сурутката ја поттикнува рамнотежата на ацидофилните бактерии кои се природен антисептик. Одлична е за диети и детокс-програми затоа што го забрзува метаболизмот.

Сурутката е течноста која останува откако млекото ќе згусне, настанува кај произведувањето сирење и има повеќе комерцијални употреби.

Сурутката е богата со магнезиум, калциум, цинк, фосфор, витамини Б, аминокиселини. Добро влијае на коските затоа што ги надополнува белковините, го хидрира телото и е најдобра замена за спортските напитоци, па често се употребува и во бодибилдингот.

Таа помага да се лачи серотонин, хормонот на среќа, па им се препорачува на сите кои се под стрес, а добра е и за обнова на енергијата, ги намалува грчевите во мускулите и опушта.

Кај постарите лица сурутката спречува настанување остеопороза, ги чисти крвните садови, ги отстранува наслагите на забите, превентива е при кариес и го регенерира и чува црниот дроб.

Терапијата со сурутка е позната и во лекувањето на цревни нарушувања, хормонални проблеми, гојазност и проблеми со циркулација, како што се затнати артерии.

Се консумира така што една лажица сурутка се раствора во чаша вода и се пие како додаток во исхраната.

Помага при:

различни гастроентеролошки заболувања;

болести на цревата;

нарушување во апетитот и гојазност;

болки во желудник и хеликобактер;

при бактерии и габични инфекции;

за лекување кандида;

при хипергликемија или зголемено ниво на шеќер во крвта.