Храна и Здравје

(Видео) Денеска на менито: Балканско суши

На Инстаграм профилот “@ket0nac” се појави еден навистина оригинален рецепт со кој би можеле да ги изненадите ваши гости .


Вака по видеово, не делува многу комплицирано. На проѕирна фолија најпрво редите пршута (веројатно може и некое поевтино сувемеснато не сте баш при пари). Потоа на едниот половина ставате кремсир, над кремсирот ставате чварки.

Потоа, како што вели авторот, со зеленчукот можете да правите што сакате, но тој става краставица и црвена пиперка бидејќи му се допаѓаат боите. На крајот сето тоа го виткате во ролат со помош на проѕирната хартија и го оставате да отстои во фрижидер на 10 минути.

Мора да признаете, прилично иновативно, лесно, а и делува вкусно.