ВестиПопуларно

(Видео) Страшна снимка од убиство на хрватски фудбалер

Балканот е потресен од убиството на 22-годишниот фудбалер од Хрватска со иницијали А.Р, а сега е објавено и видео од убиството.

А.Р бил избоден до смрт на шеталиште во Сплит од двајца мажи. На социјалните мрежи е објавено видео од моментот, но не во целост.

Од Сплитската полиција соопштија дека двете лица биле веднаш уапсени по инцидентот.

Полицијата претходно соопштила дека 22-годишен маж им подлегнал на повредите во сплитската болница по напад во кој маж го прободел со нож во пределот на градниот кош. Таа додаде дека во службените простории биле донесени неколку лица, од кои двајца се уапсени во врска со убиството.