ПопуларноСпорт

Барселона пред историска одлука која ке го промени фудбалот засекогаш!

Управата на Барселона планира да го раскине договорот со Најк и да си направи СВОЈ бренд, со кој ќе ги прават сами дресовите. Во превод ова значи дека ќе бидат сам свој спонзор и сите пари од продажба на дресови ќе одат во нивниот џеб!

Барселона е пред историски чекор со тоа што планираат да почнат сами да си ги прават своите дресови! Неодамна тие беа во преговори со Најк но како што доаѓа крајот на тој договорот, најверојатно нема да дојде до обнова. Барселона исто така преговараат со Пума кои даваат повеќе пари од конкуренцијата, скоро 200 милиони по сезона, односно 120 милиони фиксни и 80 милиони зависни од други варијабли. Друга алтернатива за Барселона е Hummel, но како што кажуваат медиумите, тие се најзаинтересирани за правење на свој бренд.

Моментално 10 клубови што продаваат највеќе дресови се:

  1. Барселона (Најк) – 179 милиони евра
  2. Реал Мадрид (Адидас) – 155 милиони евра
  3. Баерн Минхен (Адидас) – 147 милиони евра
  4. Ливерпул (Најк) – 132 милиони евра
  5. Манчестер Јунајтед (Адидас) – 130 милиони евра
  6. Пари Сен Жермен (Најк) – 97 милиони евра
  7. Арсенал (Адидас) – 89 милиони евра
  8. Челзи (Најк) – 87 милиони евра
  9. Јувентус (Адидас) – 74 милиони евра
  10. Тотенхем (Најк) – 74 милиони евра