БизнисПопуларно

Новиот потег на Маск се прогнозира да му донесе милијарди!

Неодамна, Илон Маск и Тесла одлучија полначите за електрични возила да ги направат достапни за Форд и други електрични возила. Потег кои се предвидува да на Тесла да му донесе од 6 до 12 милијарди годишно до 2030та година!

Од четврток, сопствениците на Форд електричните возила – Mustang Mach-E и F-150 Lightning – во Северна Америка ќе ја имаат можност да се напојуваат со помош на Тесла Superchargers.

Извршниот директор на Ford, Џим Фарли, напиша во објава на LinkedIn дека партнерството за полнење, кое вклучува употреба на адаптери за брзо полнење, треба „да го подобри искуството со сопствеништвото на елетрични возила“ за возачите на Ford истакнувајќи дека „јас самиот го тестирав и работи одлично.”

Тесла исто така склучи сличен договор со General Motors кој што им овозможува на потрошувачите на компанијата да користат повеќе од 12 000 полначи во САД и Канада.

Како што прогнозираат експертите, моментално статистиката кажува дека една од три полначки станици се во функција. Без разлика што се очекува да се намали бројот на електрични возила во САД (моментално и бројката на електрични возила се помали од очекуваното) Тесла сеуште може да добие од 6 до 12 милијарди долари од годишно од проширениот бизнис за полнење.