ВестиПопуларно

Се појави фотографија од пред 30 години: Таа мажена, 40-годишна, тој 16-годишно дете! Го завела, се развела! Зошто никој не зборува за ова?

Исплива фотографија од Емануел Макрон кога бил дете, а неговата сопруга професорка.

Бракот на Емануел и Брижит е пример за хармоничен брак во кој разликата во годините никогаш не била проблем во односот. Тие денес се познати како претседател на државата и прва дама, а своевремено биле 40-годишна професорка по француски и латински јазик која завела малолетен 16-годишен ученик, што многумина ги интригира и денес, пишува Слободна Далмација.

Особено кога ќе испливаат некои фотографии од минатото. Деновиве на социјалните мрежи кружи фотографија од Брижит Макрон со нејзиниот поранешен сопруг Андре-Луи Озие, кого таа го остави поради Емануел Макрон, додека тој позира со нив на истата фотографија како да е нивен син, а не иден љубовник на Брижит. Многумина на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) се прашуваат како овој случај можел да се заташка со оглед на тоа што најстариот син на Брижит е дури 3 години постар од актуелниот претседател на Франција.

Гласините велат дека Емануел Макрон го освоил срцето на својата професорка додека глумел во претстава, а таа му помогнала во тоа. Тоа било во периодот во раните 90-те.

Наводно, како ученик, Макрон повеќе се дружел со професорите отколку со своите врсници и на тој начин уште повеќе се зближил со Брижит. Неговите родители реагирале многу бурно на нивната романса, но двајцата биле цврсти во намерата да ја одржат врската и на крајот ја крунисале со брак во 2007 година, на истото место каде Брижит пред многу години се омажила за поранешниот сопруг.

Нивниот брак беше вистинска сензација кога Емануел почна сè повеќе да се појавува во јавноста, прво како министер, а потоа и како претседателски кандидат во 2016 година.