Автомобили

Заштеди си: Дали знаеш која брзина е најекономична за на автопат?

При која брзина вашиот автомобил е најекономичен? Сите ќе развиеме некоја своја филозофија и ќе мислиме дека го знаеме одговорот на ова прашање, но постојат некои правила кои се веќе докажани.

Имено, законот вели дека на автопат не смее да возите побрзо од 130 км/ч., а оптимумот од гледиште на потрошувачка на гориво е уште понизок.

Поголем дел од автомобилите може да постигнат максимална брзина од 170 км/ч., а неретко и повеќе. Оптимумот за моторот и потрошувачката е понизок, а притоа важно е да не забрзувате нагло.

Генерално правилото е да забрзате што порано, да ја ставите највисоката брзина, да возите до 90 км/ч. и да ги одржувате вртежите на моторот од 1500 до 2500 о/min, пишува „Ревија ХАК“.

Што е со автопатот?
Германски „TÜV “ тука советува дека возењето со брзина до 80 отсто од максималната е идеално. Значи, на патиштата каде ограничувањето е до 130 км/ч. јасно е дека повеќе од таа брзина не смее да возите. Автомобилот којшто има максимална брзина од 150 км/ч. треба да се движи во распон од 105 до 120 км/ч.

Да ја повториме уште еднаш процената на германскиот автоклуб (ADAC) кој пресметал дека за автомобилите со средна класа, при возење од 160 км/ч. потрошувачката е две третини поголема отколку при возење од 100 км/ч.

Покрај максималната брзина постојат уште некои трикови за намалување на потрошувачката на гориво.

Златното правило е да се вози со смирен ритам, без нагли забрзувања и запирања, како и брзината да се планира, особено доколку возите со темпомат.