ВестиПопуларно

Петти ден МЕПСО нама пристап до своите сервери поради хакери

МЕПСО веќе пет дена нема пристап до своите сервери каде се води финансиското управување во државната фирма и затоа нема пристап до финансиските податоци и извештаи .

Клучното е дека засега безбеден е СКАДА системот, пренесува “Телма”.

Од МЕПСО велат дека се цел на кибер напад, но подетални информации не соопштија. Ангажирани да ги одблокираат серверите е МВР, но и домашни и странски експери.

„Повторуваме дека за оваа ситуација се известени сите релевантни институции меѓу кои и МВР и во моментов се врши ИТ форензика и анализи во кои се вклучени експерти од државата и странство. Водејќи се од фактот дека електроенергетската инфраструктура на АД МЕПСО спаѓа под критична инфраструктура во државата, не сме во можност да даваме дополнителни информации надвор од изнесеното во вчерашното соопштение“, соопштија од МЕПСО.