ВестиПопуларно

Папата Франциско ненајдено се најде на листа за убивање!

Викендов, папата Франциско имаше разговор со швајцарска радио-телевизија каде што создаде голема контроверзија откако ги повика украинците да „кренат бело знаменце“

Оваа изјава не само што предизвика емоции од корисниците на социјалните мрежи туку и европски претседатели почнаа да му одговараат на папата како и одредени католички цркви.

Изјавата на папата беше следната „Во моменталната ситуација на Украина потребно е многу храброст да се крене бело знаменце и да почне да се преговара“. За тие коишто разбираат италијански, одговорот на папата е подолу.

На ова имаше што да каже Радослав Сикорски, претседателот на Полска: „А зашто да не збориме за некаква рамнотежа? Зашто Путин не ја повлече целата негова војска од Украина? Мир веднаш ќе дојде и тоа без никакви преговори“

Претседателот на Летонија исто се вмеша со „мудра“ мисла. „Мојата мисла е следна. Човек не смее да капитулира пред злото, мора да се бори со него и да го победи, за злото да го подигне белото знаме и да капитулира“

Папата доби одговор и од поглаварот на Украинската грчко-католичка црква кој потврди дека нема никој да се предава.

„Сакам да пренесам порака од украинскиот народ: Украина може да биде ранета, но не е поразена! И покрај заморот, Украина останува непоколеблива и издржлива! Верувајте ми, никој не размислува да се предаде. Дури и во регионите каде што конфликтот е во тек, како што се Керсон, Запорожје, Одеса, Харков и Суми! Дојдете во Украина и уверете се сами! Секој што се сомнева во победата на Украина треба да си каже, бидејќи тоа го одразува недостатокот на доверба во нескротливиот дух на украинскиот народ“, рече неговото блаженство Свјатослав.

Украинците имаа сосема различен одговор. Тие не се обратија на никого за изјавата на папата туку директно го ставија папата на списокот „Миротворец“ за убивање.

Од друга страна, министерката за надворешни работи на Русија, Марија Захарова дојде во одбрана на папата “Папата во својата изјава не се обраќаше на Киев, туку се обраќаше на западот и бараше западот да почне преговарање за Украина”

„Секој експерт, секој политичар, секој дипломат денес сфаќа дека ситуацијата во Украина е „на ќорсокак“ и затоа многу дипломати и земји повикуваат на преговори“, рече Захарова.