Забава

(Фото) Голотијата не пројде добро! Џон Сина ги згрози гледачите: „Одвратно, кој го дозволи ова?

“Не се чувствувам добро поради тоа. Ова е елегантен настан”, изјави Сина на доделувањето на Оскарите во неделата.

Откако се појави гол на 96-тото доделување на Оскарите во неделата во театарот Долби во Лос Анџелес, борачот и актер Џон Сина (46) ги згрози гледачите. На социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, пишуваат дека Сина премногу си дозволил и дека претерал

„Која е поентата Џон Сина да дојде гол?“, „Џон Сина целосно ја продаде душата“, „Никогаш не мислев дека Џон Сина може да го направи ова. Почнувам да го мразам“, „Дали децата не ги гледаат Оскарите? Кој одобри Џон Сина да биде гол?‘ „Одвратно“, се само дел од коментарите.

Пред неговото излегување, на екранот беше прикажано видео од 1976 година, кога еден човек истрча гол на сцената. Џими Кимел се пошегувал на таа ситуација и рекол: „Можете ли да замислите гол маж да трча по бината денес?

Ја повтори истата реплика уште еднаш, а потоа се појави Сина, скриен зад ѕид. Беше гол, а како што на шега рече Џими, требаше да претрча преку сцената.

– Се предомислив, не сакам да го правам тоа. Не се чувствувам добро поради тоа. Ова е елегантен настан, знаете, треба да се срамите од себе што предлагате ваква невкусна шега“, рече Сина.

Водителот рече дека тоа треба да биде смешно, а Сина веднаш одговори со: „Машкото тело не е шега!