Автомобили

Ривалот на “Tesla” го покажа својот нов автомобил кој може да танцува!

BYD, главниот ривал на Tesla го промовираше својот нов модел на електрично возило, “Yangwang U9” на доста автентичен начин!

Суперавтомобилот со високи перформанси е со цена од 1,68 милиони јуани (околу 234.000 долари) и планира да се соочи со светските производители на автомобили како Ferrari и Lamborghini.

Како и да е, не сите суперавтомобили можат да имаат ритам како Yangwang U9.

Автомобилот не е ограничен само на вакви интересни карактеристики бидејќи може да се пофали со импресивни 1.287 коњски сили со максимална брзина од 309 km/h.

U9 може да забрза од 0 до 100 km/h за само 2,36 секунди.


Оваа брзина го прави BYD Yangwang способен да ги надмине иконските суперавтомобили како Ferrari SF90, Bugatti Chiron и Porsche 911 Turbo S.

Според производителот на возилото, Yangwang Y9 може да помине 465 километри со едно полнење.