ВестиПопуларно

Нетанјаху одобри воена операција во Рафа!

Премиерот на Израел одобри планови за воена операција во Рафа. Израелската војска се подготвува за оперативен аспект и евакуација на локалното население од областа.

Бенџамин Нетанјаху смета дека Хамас уште не е уништен и како што кажува тој, за Израел да ја победи војната, треба да се продолжи со напад во Рафа.

“За да ја победиме оваа војна, мораме да ги унишитиме последните батаљони на Хамас во Рафа. Доколку тоа не го сториме, Хамас ке се регруприраат, наоружаат, и повторно ке ја покорат Газа”

По оваа изјава на Нетанјаху “безбедните” зони во Рафа веднаш се дислоцираа.

Израелскиот премиер исто така му одговори на Џо Бајден кој кажа дека напад врз Рафа прествавува “црвена линија” за него.

“Не ми е јасно што сака да каже” изјави Нетанјаху. “Ако со тоа сакаше да каже дека приоритетни ми се приватни политики, или па дека го нарушувам угледот на Израел, би бил грешен за обете. Како прво ова не се мои приватни политики, ова е политика која е подржана од голем број на Израелци, тие ги подржуваат нашите напори да го уништиме остатокот од Хамас. Последно нешто што треба да правиме откако ке ја освоиме Газа е да ставиме палестински авторитет кој повторни ќе ги учи на тероризам и ке финансира тероризам”