ПопуларноСелебрити

Овој актер кој сите го знаете постел 41 ден: Промената е драстична, нема да го познаете

Комичарот Кевин Џејмс постел 41 ден, што довело до драматично губење на тежината. Но, штом завршил со строгиот и опасен режим, повторно вратил дел од килажата.

Во неодамнешниот разговор со Џо Роган, актерот се потсети како морал да ослабе за улогата на свештеник во еден филм. Долготрајниот пост му помогнал да дојде до 100 килограми, а по завршувањето на снимањето повторно имал 127 килограми.

„Можам брзо да ослабам. Можам да постам и за помалку од еден месец ќе ослабам многу“, изјави тој.

За време на постот, Џејмс консумирал само вода и малку сол за да ги надополни електролитите.

„Изгубив 27 килограми, не пиев ни витамини. Исчистив сè од себе“, додал тој.

Роган тврди дека краткотрајниот пост има здравствени придобивки, но Џејмс не препорачува екстремни методи за слабеење, како оној што го следел тој. Иако тој го искористил таквиот начин за да ги намали вишокот килограми, не препорачува и другите да го прават истото бидејќи не кај секој тоа би поминало добро.

Џејмс вели дека неговата цел денес е да најде одржливи и здрави начини да остане во форма.

“Не можете да направите ништо ако јадете лошо. За мене функционира концептот каде си велам дека денес ќе бидам подобар од вчера”, заклучил тој.