ВестиПопуларно

(Видео) Е како сме конкуренти бе друже?

Неодамна, потпаролот на Kинеската комунистичка партија гостуваше во “LBC (Leading Britains Conservation)” кај што беше водител Ендру Мар и кога праша тој за односот помеѓу Велика Британија и Кина, беше пријатно изнанден.

Тој праша “Дали е Кина конкурент, дали е Кина сојузник, дали е Кина закана? Како го доживувате вие односот со Велика Британија?”

На тоа потпарлот одогвори: “Најпрво меѓу Кина и Британија од кинеска перспектива, Британија не е конкурент, не е ривал, не е непријател, не е противник.

Британија е само важна земја со која треба да се сложуваме во мир и пријателство и за заедничка корист.

Сега како Британија гледа на Кина, треба британскиот народ да одлучи, но мислам дека ќе биде целосно погрешно ако Британија ја гледа Кина како непријател, противник или конкурент. За што се натпреваруваат Кина и Британија?

Кина е најголемиот производител на автомобили и се натпреварува со Британија? Не.

Кина е најголемиот извозник на електрични возила и ќе го предводи целиот свет во производството. Дали Британија е конкурент? Не.

Кина ќе биде најголемата и најважната држава за истражување и развој во однос на полупроводниците за кратко време. Дали тоа значи дека се натпреваруваме со Британија? Не.

Кина ќе биде водечка нација во револуцијата на вештачката интелигенција. Дали Британија е конкурент? Не

Така да, мислам дека британската влада не треба да го прецени своето влијание на глобалната сцена и да ја гледа Британија како ривал на Кина. Кина не ви е ривал.

Во споредба со Британија, Кина е факт, Кина е мегатранд со кој Британија треба да живее и да се разбира. Дајте да воспоставиме мир наместо да агитираме војна”