ПопуларноСпорт

Тајсон Фјури во животна форма пред борбата со Усик

Љубителите на боксот веќе се навикнати да го гледаат светскиот шампион во тешка категорија со малку повеќе килажа од што треба, но за борбата со Олександр Ушик тој одлучи да се појави во ново издание

Нешто помалку од два месеци до неговата пресмета со шампионот во четири дивизии со Усик, линеалниот шампион Тајсон Фјури во тешка категорија изгледа неверојатно!

Нутриционистот на Фјури, Грег Мериот, неодамна објави слика од Фјури без маица и обожавателите не можат да веруваат колку слабо изгледа.

Еден обожавател напиша: „Никогаш не изгледал толку добро“.

Друг твитна: „Тајсон изгледа по спремен од кога и да е за да се докаже по борбата со Нгану. Ќе видиме уште еден историски настап на Фјури“.

Сегашната фигура на шампионот е многу далеку од тоа како изгледаше пред неговото последно гостување против Френсис Нгану пред пет месеци.

Фјури постигна победа со поделена одлука против камерунската ММА мега ѕвезда во еден од неговите најлоши настапи досега.

Борбата помеѓу Тајсон Фјуре и Олександр Усик е закажана за 18ти Мај која и најверојанто ке биде една од последните борби на ФЈури.