ЗабаваПопуларно

Популарниот Бака Прасе е во коцкарски долгови? Итно ги продава своите автомобили

Српскиот Јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, на Инстаграм објави дека продава неколку автомобили. Тој нагласи дека е итно и дека цените се максимално спуштени.

На продажба ги ставил автомобилите Мерцедес Бенз АМГ, Ламборџини и Мерцедес кој неодамна и го подари на својата девојка Ања Благојевиќ.

Сепак, не е исклучена можноста и да се работа за некаква шега.

Јутјуберот неодамна на Инстаграм напиша дека не гледа излез од коцкарските долгови. Изгубив многу пари и влегов во многу долгови. Немам од каде да ги земам парите и не можам да се вратам додека не средам сè. Испаднав навистина глупав, сè зафркнав. Направив големо срае, не знам што да правам, јеига се коцкам“, напиша Богдан, пренесува Блиц.рс.

Бака Прасе е еден од најпознатите инфлуенсери во регионот. На Јутјуб го следат 2,3 милиони луѓе, а на Инстаграм има 1,2 милиони следбеници.