ВестиПопуларно

Згрозени од убиството на својот колега, матичните лекари нема да работат во понеделник од 12 до 16 часот: Зарем треба да стравуваат лекарите дека ќе бидат убиени

Во понеделник, на 25-ти март, од 12 до 16 часот, матичните лекари ќе престанат да даваат секакви услуги за да искажат колку се незаштитени како лекари.

Ова доаѓа по вчерашното убиство на нивниот колега на паркингот пред Поликлиниката „Железара“.

Од лекарската комора побараа итна разрешница на настанот.

Телото на докторот Трпковски било пронајдено вчеравечер во неговиот автомобил на паркинг пред поранешната клиника „Железара“. Го пронашол синот откако не се вратил од работа, а не одговарал на повиците на неговиот мобилен телефон.