ЗабаваПопуларно

МекДоналдс еднаш тужеше мало сендвичарче од Ирска…и се за*ба

Правниот тим на Мекдоналдс во 2017-та година одлучи дека името “Supermacs” е многу слично на нивниот главен оброк, “BigMac”.

Иако “Supermacs” е едносавно крстен по својот газда, Пат МедДонах, и е присутен од 1978, МекДоналдс, најголемиот ланец за брза храна на светот, ги тужеше, тврдејќи дека прават профит од нивниот заштитен знак.

Тука станувало збор за голема Давид против Голијат ситуација, со оглед на фактот дека “Supermacs” се уште нема излезено од Ирска.

Тоа што е смешно е дека, не само што “McDonalds” ја изгуби оваа правна битка, судот исто така пресудил дека тие всушност немаат права над името “BigMac”, бидејќи не докажале сопственост во последните 5 години.

Па, кога најголемиот ривал на “McDonalds”, “Burger King” дознал за ова, низ своите сендвичари во Европа, посебно во Шведска, си направил вистинска “забава” со името “BigMac”.

„Како “BigMac”, само стварно голем“, „Како “BigMac”, само посочен и повкусен“ биле само некои од имињата на со кои ги крстиле своите сендвичи во менито.

Секако, од “McDonalds” не можеле ништо, бидјеќи ништо не било незаконско.