ВестиПопуларно

(Видео) Главниот воен комесар на Ровно снимен од скриена камера како “разменува нежности” со колешките

Копнените сили на украинските вооружени сили информираа за почеток на официјална инспекција поради појавувањето на видео на социјалните мрежи од канцеларијата на еден од началниците на Територијалниот регрутен центар (ТРЦ) во регионот Ровно.

Со увидот ќе се оценува содржината на видеото, временските интервали и самиот факт на поставување таен видео надзор во канцелариските простории. Копнените сили иницираа апел до службениците за спроведување на законот да помогнат во истрагата.

Копнените сили нагласија дека антиукраинските канали први го објавиле видеото, “особено блогерот Анатолиј Шарии”, кој е осомничен за велепредавство и кој се крие во Шпанија.

Во видеото се гледа како началникот Олександр Јармошевич во воена облека како се бакнува со поголемиот дел од женскиот персонал.

Погледнете го видеото подолу.