Спорт

(ВИДЕО) Хаос на улиците на Рим во пресрет на големото дерби: Погледнете ја пресметката меѓу навивачите на Рома и Лацио

31. коло во италијанската Серија А ни го носи големото римско дерби меѓу Рома и Лацио, а спортската јавност со нетрпение го очекува овој натпревар.

Неколку часа пред овој натпревар на улиците на Рим настана голем хаос кој го предизвикаа навивачите на споменатите екипи.

Италијанските медиуми објавуваат снимка од пресметката на која се гледа судир на две групи хулигани.

Според информациите, навивачите на Лацио дошле на местото каде што се собирале приврзаниците на Рома и потоа настанала општа тепачка.

Полицијата реагирала и ги растерала хулиганите, а како изгледала хулиганската тепачка погледнете во приложеното видео:

Натпреварот меѓу овие екипи се игра вечерва од 18 часот.