Забава

Тој е најстариот маж на светот и има 111 години: Роден е истата година кога потонал Титаник!

Роден во Ливерпул на 26 август 1912 година, Тинисвуд преживеал две светски војни, како и пандемии на Големиот грип и Ковид-19, а исто така го држи рекордот за најстариот преживеан ветеран од Втората светска војна во светот.

Џон Алфред Тинисвуд од Англија (111) е најстариот маж на светот, пишува CNN. Гинисовата книга на рекорди ја објави оваа информација во петокот, два дена откако на 114-годишна возраст почина поранешниот носител на титулата најстар маж на светот, Хуан Висенте Перез.

– Или живеете долго или живеете кратко, и нема многу што можете да направите за тоа – рече Тинисвуд во интервју за Гинис на кое му беше врачен сертификатот.

Додека Тинисвуд, кој не пуши, ретко пие и јаде риба и чипс секој петок, вели дека тајната на долговечноста е „само среќата“, а советува и умереност во животот.

Роден во Ливерпул на 26 август 1912 година, Тинисвуд преживеа две светски војни, како и пандемии на Големиот грип и Ковид-19, а исто така го држи рекордот за најстар преживеан ветеран од Втората светска војна во светот. Тој е роден истата година кога Титаник потонал.

Тој е доживотен поддржувач на фудбалскиот клуб Ливерпул и ги видел сите деветнаесет шампионски титули на неговиот клуб во лигата и сите осум титули во ФА Купот.

Тој моментално живее во дом за стари лица во англискиот приморски град Саутпорт.

Менаџерката на старечки дом Кејти Хауард изјави за Би-Би-Си дека е чест да се грижи за Тинисвуд.

– Тој е неверојатен човек со толку многу приказни за раскажување кој ужива да чита весници и да слуша радио – рече таа.

Најстарата жена на светот е 117-годишната Марија Брањас Морера и живее во Шпанија.