Забава

Босанец го насмеа регионот со својот оглас: Низок и убав, бара неамбициозна девојка

Момче од Босна, кое очигледно нема среќа во љубовта, се обратило до непознати луѓе за совет на социјалните мрежи и со својата необична објава стана вистински хит на интернет.

Во својата анонимна објава на Редит, Босанецот напиша оглас за запознавање девојка, каде покрај краток опис за тоа каква девојка бара, искрено напиша и неколку реченици за себе.

„Девојки кои не се амбициозни, кои сакаат низок и убав Босанец без стан, чие хоби е гејминг, гледање филмови и читање, кои не ја гледаат смислата на животот, кои не сакаат да работат, но имаат работа. Можеби изгледа како шега, но јас сум сериозен. Знам да зготвам инстант супа, јајца и виршли, среден сум и не се дрогирам.

Без мажи, ве молам, сè уште не сум стигнал до тоа“, напиша тој.

“Три големи минуси”

Неговата објава привлече големо внимание. Еден Хрват му искоментирал што е проблемот, а имало и други коментари.

„Низок, Босанец, нема стан – извини брат, но тоа ти се три големи минуси, ни тие што не се амбициозни не ги сакаат тие работи. Единственото нешто што би било полошо е да си навивач на Ријека … иако тогаш воопшто немаше да бараш жени“ му напиша Хрватот.

На прашањето на друг корисник дали „има барем малку земја во Босна ако веќе нема станови?“, Босанецот одговори: „Тоа го имам, дури е и убаво таму“. Тогаш еден корисник на Редит му рекол дека токму тоа треба да го наведе во огласот.

„Нема долго да издржите на виршли“

Имало и други интересни коментари.

„Тоа што си Босанец е плус, но тоа што не знаеш да правиш пити е голем минус“, „Заборави да наведеш дека мора да знае да готви бидејќи нема да издржите долго на виршли“, „Претпоставувам дека секоја втора жена со вишок килограми во тесни хеланки одговара на описот, само што ни на нив нема да им бидеш доволно добар како низок маж кој знае да готви само виршли“,