Автомобили

(ВИДЕО) Ова се најголемите тајни гробишта на автомобили во светот. Се полнат веќе 50 години

Ако сакате олдтајмери, оваа глетка ќе ве импресионира. Некаде во дивината на американската сојузна држава Монтана, има тајни гробишта со автомобили полни со стари возила, од кои некои се стари речиси еден век.

Местото е полно со класични Фордови, Плимути, Кадилаци, па дури и Ролс Ројс. Меѓу нив има и стари училишни автобуси. Автомобилите се трупаат на гробиштата веќе 50 години и додека некои служат за делови, други служат како филмски реквизити, а повеќето едноставно чекаат подобри времиња или нивниот горчлив крај на овој тревник.

Споменатите гробишта со својата камера ги овековечи дуото од YouTube каналот Lambvinski’s Garage. Тимот имал 10-часовно возење од Вашингтон до Монтана за да се увери во индициите што ги добил. Нивното патување не било залудно.

Има илјадници возила

Среде планинскиот дел на Монтана наишле на илјадници напуштени возила, бидејќи гробиштата зафаќаат повеќе од 100 хектари земја. Иако автомобилите почнале да се трупаат на ова место пред 50 години, некои од нив се многу постари.

Сопствениците на ова место дозволиле снимање под услов да не биде објавена точната локација.