Животни

Сопственичка ги покажа разликите помеѓу мачорите и мачките, многумина се воодушевени

Љубителите на мачки често тврдат дека постои голема разлика во карактерите помеѓу машките и женските мачки. Иако нема докажано истражување, една сопственичка даде одличен пример за ова тврдење.

Во клипот што го објави на TikTok, гледаме како нејзината женка мачка е енергична, смела и секогаш подготвена за акција. Но, мачорот е мрзелив, главно легнат и многу пријателски расположен.

Видеото брзо стана вирално, собра над 7,4 милиони прегледи и преку 1,2 милиони лајкови, насмевајќи многу корисници на TikTok.