Забава

(ВИДЕО) Памтите ли кога сите танцуваа на “Asereje”: Еве како изгледаат трите дами од “Las Ketchup” денес

Пред повеќе од 20 години, еден од најпопуларните хитови беше „The Ketchup Song“, познат и како „Aserejé“ на групата „Las Ketchup“.

Две децении подоцна сите се прашуваат што се случи со девојките кои стекнаа светска слава и исчезнаа. Нивната песна доби рекордна популарност и беше продадена во повеќе од 7 милиони примероци. Групата ја сочинуваа сестрите Лусија, Лола и Пилар Муњоз, а малку се оние кои не го знаеја напамет придружниот танц заедно со песната.

Иако се повлекоа од јавниот свет и се посветија на семејниот живот, членките на познатата група направија неколку исклучоци. Во 2006 година тие ја претставуваа Шпанија на Евровизија, потоа одржаа уште неколку настапи, а сега во родната земја излегоа на сцената и повторно го изведоа познатиот хит.