Забава

Се подготвувате за летото? Ова е најевтин остров во Грција, а веројатно не сте ни слушнале за него

Помалку познат грчки остров, кој нуди сè што еден турист може да посака за совршено бегство, е прогласен за најевтина дестинација во Европа врз основа на анализата на аранжманите за летување.

Можеби не е толку познат како другите грчки острови како Родос, Миконос или Санторини, но овој помалку познат остров нуди недопрени, бели песочни плажи, кристално море, шарени села и таверни во кои се служи разновидна раскошна грчка храна.

Според новото истражување на британскиот портал Which кој анализираше повеќе од 4.500 пакет одмори за првата недела од август, тоа исто така е островот каде патниците можат да ги пронајдат најдобрите понуди за најевтиниот одмор на островот Калимнос.

Калимнос е среден остров на Додеканезите по големина. Најблиските значајни острови се Лерос, на само 2 километри на север и Кос на југ, оддалечен 12 километри. Островот е планински и карпест. Островот е долг околу 15 километри во сите правци. Калимнос има бројни мали заливи со скриени плажи.

Традиционално евтините дестинации како Бугарија и Турција не се најдоа на списокот на споменатиот портал, а нивниот тим објасни дека тоа може да се должи на видот пакети кои сè уште се достапни, пренесува „Грикрепортер“.

„Во моментов, на брегот на Амалфи, на пример, има широк избор на сместувачки капацитети само за соби, за самостоен престој и ноќевање со појадок кои сè уште се достапни за резервирање (наместо поскапите пакети со полн пансион), што значи дека цените се пониски. Постојат и многу поевтини летови во регионот. Меѓутоа, туристите сепак треба да ги земат предвид трошоците за храна и активностите при изборот на својата следна дестинација“, објасниле тие.

Топ најевтини дестинации според истражувањето:

  • Калимнос, Грција
  • Тасос, Грција
  • Лефкада, Грција
  • Коста Брава, Шпанија
  • Венецијанската ривиера, Италија
  • Брегот Амалфи, Италија
  • Скопелос, Грција
  • Коста ле ла Луз, Шпанија