ВестиПопуларно

Студенти ширум светот масовно протестираат, се конвертираат во муслимани и учествуваат во повик за молитва

Веќе неколку денови, универзитетите на Колумбија, УЦЛА и други се справуваат со протести од страна на студенти кои бараат слобода за Палестина. Се започна речиси мирно, со собири, пеење, играње, итд. Но веќе е дојдено до степен каде што студентите почнаа да беснеат а универзитетот мораше да ги пријави своите студенти во полиција.

Слични сцени се случуваат и на универзитетот УЦЛА каде што групите кои што протестираат не им дозволуваат на еврејските студенти да присуствуваат на настава.

Исто така голем број од студентите се конвертираат во муслиманство и учествуваат во својата прва молитва.

Во знак на протест, студентите направија кампови на кампусот каде што се забарикадирани и веќе престојуваат неколку денови (како што имаше порано пред собрание)

По големите немири, полицијата одлучи да испрати специјални единици со цел да ги разбијат групите кои протестираат, но откако се даде таа изјава, групите драстично се зголемија.

Разбивањето на тие кампови помина неуспешно по што студентите пратиа список до полицијата со залихи коишто им се потребни во камповите, меѓу кои побараа гас маски, респиратори, лампи за на глава, јажиња, лосиони, соларни генератори и ред други чидни работи. Исто така исклучиво бараа да не им биде донесена крема за сонце, зашто точно, не се знае.

Неодамна на CNN искочи комесарот на полицијата за областа кој тврди дека “студентите” кои што го пробиле кампусот и го користат за протести и пропагнда всушност не се ни студенти на универзитетот.

“Ова не се ланците со кои доаѓаат студенти на предавање, ова се ланци коишто ги користат професионалци.” – изјави комесарот Тарик Шепард.

Моментално камповите сеуште не се разбиени, но повеќе вести за случајот ке следат.