Спорт

Жената си сака фудбалери: Лани му роди дете на познатиот голман, а сега е со 12 години помлад фудбалер

Германскиот голман Роман Вајденфелер кон крајот на минатата година се раздели со сопругата Лиза, но сега германските медиуми откриваат дека таа веќе е во врска со Арне Мајер, 25-годишен фудбалер на Аугзбург.

Некогашниот светски шампион со Германија се нашол во вистинска шпанска сапуница. Поранешниот чувар на мрежата на Борусија Дортмунд во ноември минатата година објавил дека се разделил со русокосата, иако во мај го добија своето второ дете.

Германски „Bild“ пишува дека Лиза токму тогаш го запознала играчот на Аугзбург Арне Мајер, кој е 12 години помлад од неа, но наведува и дека официјално станале пар на почетокот на оваа година.

Инаку, Лиза и Роман биле во врска и кога голманот во 2014-та година го освои Светското првенство со Германија, а се венчале наредната година. Интересно, се развеле во 2018-та, за повторно да се спојат две години подоцна.

Лиза сега се одлучила за помлад маж, а Роман Вајденфелер го крие својот приватен живот од јавноста.

Со Дортмунд два пати беше шампион на Германија и два пати го освои германскиот Куп, а во 2013-та година бранеше во финалето од Лигата на шампионите против Баерн.