ВестиПопуларно

Наставничка забременила од ученик додека чекала судење за односи со друг! Шокантен случај: „Подобро никој да не дознае“

Професорка по математика останала бремена откако имала афера со еден од нејзините ученици, и тоа додека чекала судење за секс со друг ученик.

Ребека Џојнс (30) беше обвинета дека намамила 15-годишно момче на секс купувајќи му колан Гучи од 345 фунти. Таа потоа го возела во нејзиното бело Ауди до нејзиниот стан во Салфорд Кејс каде што имале секс двапати.

Но, и покрај тоа што таа му рекла „Би било подобро никој да не дознае“, тој испратил порака на Snapchat на пријател за да му каже дека „штотуку имал секс со г-ѓа Џојнс“.

Кога пријателот одбил да поверува, тој тајно ја фотографирал и му ја испратил сликата, тврдат обвинителите.

Веста брзо се рашири во текот на викендот и следниот понеделник била повикана полиција во училиштето во Манчестер каде работела Џојнс и таа била уапсена.

Џојнс беше ослободена со кауција и суспендиран од работа.

Меѓутоа, додека таа го чекаше судењето за сексуална активност со дете, било откриено дека била во долга врска со друго дете, изјави обвинителот Џо Алман.

Аферата со друго момче – за време на која тој тврдел дека имале секс околу 30 пати – беше разоткриена откако таа му кажа дека го чека неговото дете, изјавил Алман.

Тие имале сексуални односи „повеќе пати на различни места“ во приближно 30 наврати, рече тој.

Тој додал и дека не користеле заштита кога продолжиле да имаат секс бидејќи таа му рекла дека има синдром на полицистични јајници.

По вторпат интервјуирано од полицијата, момчето дало поинаква верзија на настаните – можеби знак, рече г-дин Алман, дека првично се обидувал да ја „покрие“ наставничката.

Судијката Кејт Корнел претходно ѝ кажа на поротата дека треба да ги „остават настрана“ сите „претпоставки и стереотипи“ што би можеле да ги имаат за луѓето кои вршат сексуални престапи врз деца, повикувајќи ги да ги погледнат доказите „со ладна глава“.

Кога полицијата влегла во станот на Џојнс, открила дека нејзиниот телефон бил ставен во режим на ресетирање, бришејќи ги податоците што ги содржи.

На судењето, таа одговараше на прашањата на судијата „без коментар“, отфрлајќи ги шест точки од обвинението за сексуални активности со дете. Судењето продолжува.