Храна и Здравје

Мерлин Монро секое утро пиела напиток од две состојки

Познатата актерка во далечната 1952 година за магазинот „Pageant“ открила како го започнува денот.

Иако беше позната по својот изглед и актерски способности, можеби не знаете дека Мерлин Монро сакала и да готви.

Но, поради бројните обврски немала време да подготвува сложени оброци, па преживувала со брзи и едноставни оброци со висока содржина на протеини кои и ја давале потребната енергија.

Така секое утро појадувала топло млеко со сирови јајца. Во една статија за нејзините навики во исхраната и режимот на вежбање објавена во списанието Pageant во 1952 година, Монро открила дека секое утро пред да се истушира, загревала млеко на шпоретот што го чувала во својата соба.

„Кога млекото ќе се загрее, кршам две јајца, ги матам со вилушка, ги додавам во млекото и го пијам додека се облекувам“, вели таа.

На појадокот би додала и мултивитаминска таблета.

„Се сомневам дека некој лекар би можел да препорача похранлив појадок за зафатена девојка како мене“, нагласила таа.

Монро никогаш не спомнала дека руча, па се претпоставува дека тоа е оброк што го прескокнала. Но, за вечера се честела со месо, а омилени и биле стекови, јагнешки котлети и џигер од локалниот пазар.

„Го печам месото во електрична печка и го јадам со неколку сирови моркови“, објасни таа.

Дали сировите јајца се безбедни за јадење?

Многу луѓе се загрижени дека ако јадат сирови јајца, ќе добијат салмонела, но мешавина од сурови јајца и протеински шејкови со години ја консумираат бодибилдерите бидејќи веруваат дека ги зајакнува мускулите.

Ризикот од изложеност на салмонела несомнено постои, меѓутоа, според податоците собрани во 1990-тите, само едно од 20 илјади јајца го содржи тој ризик, пишува Soyummy.com.