Спорт

(ВИДЕО) Спектаклот започна порано! Таткото на Тајсон Фјури со глава удри во член од тимот на Усик

Татко на Тајсон Фјури, Џон, пред тепачката на неговиот син со Олександр Усик се најде во тесна соба со тимот на Усик. Откако прилично близу се разминаа, Џон Фјури одлучи бурно да реагира и со глава удри во еден од членовите од тимот на Усик кој е видно помлад од него.

Делегациите веќе пристигнале во Ријад каде што се одржува борбата, а таткото на „Џипси Кинг“ физички се пресметал со еден од членовите на тимот на Усик.

Џон Фјури прво вербално нападнал некој од противничкиот табор, а потоа истиот човек го удрил со глава. Настанал општ хаос, но сепак после тоа немало повеќе физички пресметки.

Набрзо се појавил и Тајсон кој бил видно весел, се додека не ја видел крвта на лицето на својот татко. Неговиот татко цело време се смеел, а наскоро масата почнала да го скандира името Фјури.

Ако се познава денот по утрото, ќе има многу интересни ситуации пред одржувањето на долго очекуваната борба која еднаш веќе мораше да биде одложена поради повреда на Фјури.

Сега се е подготвено, а љубителите на боречките вештини очекуваат ова да биде еден од најдобрите мечеви во историјата на боксот.

Тајсон Фјури во кариерата остварил 34 победи, еден нерешен натпревар и никогаш не бил поразен. Олександр Усик има 21 победа, и исто така ниеден пораз.