Забава

(ВИДЕО) Кога еден од најпознатите милионери во САД ќе те сними како забушаваш на работа

Викендот искочи видео од Америка каде што поштар од “FedEx” буквално ги фрла пакетите како партал сред бел ден. За негова несреќа, видеото беше снимено и објавено од Дејна Вајт, претседателот на УФЦ!

На видеото се гледа како доставувачот на “FedEx” игра кошарка со пакетите за достава.

Откако стана видеото стана вирално и стигна до надлежните во FedEx, дечкото од видеото си ја изгуби работата пред да трепне.

FedEx за ситуацијата објавија јавна изјава која гласеше

“Однесувањето прикажано на видеото е неприфатливо и не е во согласност со професионализмот што FedEx го демонстрира секој ден.”

“Ние сме посветени да ги третираме пакетите на нашите клиенти со најголема грижа и овој возач повеќе не обезбедува услуга за нашата компанија како резултат на ваквото однесување.”

Значи, доколку забушавате на работа, не дозволувајте некоја позната личност да ве снима!